Панонски легенди
Панонски легенди се вид црковна литература, што се создавала во периодот на
средниот век кај сите христијански народи. Тие претставуваат едно од најстарите
дела на оригиналната словенска книжевност. Во оваа книга од Климент Охридски се
зборува за животот на светите браќа Константин (подоцна наречен Кирил) и
Методиј. Во едно се зборува за животот на словените во 9 век.
Овие браќа се родени
во Солун, биле просветители и најмногу се познати за создавање на глаголицата и
кирилицата. Панонски легенди содржат две житија: „Житието на Св. Кирил“ и
„Житието на Св. Методиј“. Житието на Св. Кирил почнува со опис на животот на
Св. Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон науката и
мудроста и продолжува со опис на неговото школување во Магнаурската школа,
потоа како библиотекар во црквата света Софија и така натаму. Авторот опширно
ги објаснува мисите на Св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката. Една од
нивните најзначајни мисии е Моравската мисија, кога кнезот Ростислав ги
повикува да проповедуваат на на словенски. Во „Житието за Методиј“ опишан е
животот и делото на постариот брат Методиј.
Исто времено во двете
житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се докаже и одбрани
правото на Словените на свој јазик, писменост и култура. Со тоа можеме да
заклучиме дека нивната најбитна задача била да ја шират верата
(христијанството).
No comments:
Post a Comment