Sunday, October 15, 2017

Сердарот

Глигор Прличев

                Глигор Прличев е роден во Охрид, на 18 Јануари  1830 година, а умрел 6 Февруари 1893година. Тој е еден од најдобрите и најсликовитите писатели во нашата татковина. Познат е по многу дела, за неговата ,,Автобиографија”, за неговата поема ,,Скендербег”,... Но поемата ,,Сердарот”,е безвременска, ја добила името "Вториот Хомер". Во 30-тите години од минатиот век во западниот дел од Македонија имало пљачкашки албански банди кои го нарушувале мирот и соработката на луѓето во тој предел. Тие албански банди станувале се помоќни и помоќни, ни дури охридскиот владетел Џелаџин бег неможел да се спротистави и да ги отстрани тие банди. Затоа еден човек ќе се жртвува за неговиот град и за сите луѓе. Тој човек е Кузман Капидан, кој ќе биде опеан во многу песни и стихотворби.
                Глигор бил ученик на значајниот учител Димитар Миладинов. Исто така во 1860 година победил на конкурсот каде што ја напишал најдобрата поема на грчки јазик по име "Арматолос" (тоа било оригиналното име за "Сердарот"). Во оваа поема се зборова за нашиот храбар македонец, по име Кузман, кој ќе се жртвува за неговиот народ. Народот го сожалува својот херој, херој којшто се бори против насилството и кражбата. Целиот тој народ имал голема почит кон Кузман за неговата борба против албанците.
                Оваа поема започнува со сонот на Неда, мајката на Кузман. Нејзиниот сон, за жал, се остварува така што сонот и бил дека четворица луѓе го држеле телот на погинатиот Кузман. Оваа иста случка, се случува во познатата книга од Хомер, "Илијада" , кога погинатиот воин Хектор умира и шетворица тројанци го покажуваат телот на неговиот татко Пријам. Неда е пред се мајка и тоа го оправдува нејзиниот гнев спрема „малодушните земјоделци“ кои носат скриена вина за смртта на Кузман, сега нема кој да се грижи за честа на нивните снаи и вдовици. Таа не може да биде задоволна од албанскиот збор дека само нејзината куќа ќе биде почитувана, нејзиното срце е отворено за целиот несреќен народ. Во тажната личност на Неда се судруваат две мисли, дали добро го воспитала својот син и дали требало да оди по стапките  на неговиот тактко и неговиот дедо. Неда неможе да биде задоволна  од албанците, зошто таа секогаш е почитувана и нејзиното срце е отворено за народот. Не може да се види што е поболно, дали смртта на Кузман, облечен во херојска облека, или, тагата на Неда, која има огромна болка за Кузман. Истовремено семејното дрво на семејството на Кузман се распаѓа, нивната иднина и гордост пропаѓа во вода, којашто никогаш не се враќа. Понатаму неговата свршеница Марија од семејството на Томе како вдовица, никогаш нема да си го види својот маж.
                 Во претпоследната строфа се зборува за Марија, жена  на Кузман и ќерка на Томе, која е симбол за наивност. Подолго кажано сакал се да му биде негово. Додека пак, Марија е симбол за верност, која вечно носи жал за нејзиниот маж,  која со своите другарки секоја година пеејќи  песни за погинати хероји и јунаци, ја намалува нејзината болка . Но исто така од жал,  нејзиното светло лице огрубело и многу луѓе викале дека имала психички проблеми.
                Успехот на Прличев бил молитвите брз, во најкратко време од читателите на конкурсот го сакале неговото генијалоно творештво. Со оваа поема ни кажува каков бил животот на македонскиот народ во западните делови од минатиот век во 30-тите години. Секојдневен страв, тага, злосторство, борби, кражби и многу други слични работи. Дури се докоажува и животот на албанците и албанските банди, одмазда, глупост и дрскост. И сето тоа завршува со Кузманвиот гроб, тажните и болните зборови на стиховите од поемата на ,,Сердарот”.

No comments:

Post a Comment