Thursday, December 21, 2017

Бескрајна Приказна

Текст за Бескрајна Приказна


             Се започнува, во ноември 1979 година, кога едно дете наречено Бастинијан Б. Букс почнува чита една волшебна книга. Бастинијан е здебелено дете кое многу сака да чита книги, без разлика какви по тема. Тој е дете на 10-11 годишна возраст, и за жал е исмејуван од деца во неговото училишетето. Бастинијан секој ден е исмејуван  од децата од училиштето и упорно е исмејуван од нив. Бегајки од децата Букс влегува во библиотека, каде го приметува продавачот кој држел дебела книга, заинтерисиран од изгледот на книгата Букс го прашува библиотекарот која е таа книга. Библиотекарот лалдно одговорил дека е посебна книга и дека не е за мали деца, и дека не сакал деца.
                Во истиот тој момент ѕвони телефонот на продавачот, тој оди, а Букс ја краде книгата од љубопитност. Во тој момент Букс несакал да оди на час, иако било работен ден и тој морал да присуствува на настава. Тој бега на таванот во училиштето и внесен во книгата ја отвара и почнува да чита. Во книгата се зборува за едно волшебно место наречено Фантазија која е во голема опасност. Едно големо и црно Ништо ја проголтнува целата Фантазија. Царицата е исто така болна и бара ново име за да оздрави.
                Во овој свет има и херој, Аритреј, кој е должен да ја спаси. Поминува низ секакви пречки само да го спаси својот свет. По долго патување, доаѓа до портата на Свингите. Низ таа порта можело да помине било кој човек додека нема страв од нив. Храбриот Аритреј успева да помине низ портата и гледа едно огледало а тоа огледало ја давало вистината што се случува во Фантазија. Аритреј гледа дека Букс чита една книга и дека тој живее во книгата . Аритреј оди заедно со змејот на среќата Фухур  кај Детската царицата каде требало да ја спаси на тој начин што ке и даде ново , но Ништото веќе се зголемило толку многу што најкраткиот пат до Деската царицата го снемало.
                Аритреј паѓа од змејот поради бурата која ја предизвикало ништото и го наоѓа Гморг, едно куче кое сакало да го убие Аритреј од почетокот на неговото патување. За да се осигура го прашува зошто се губи Фантазијата. Гморг му одговара дека човечката фантазија се губи, воедно и овој свет. Аритреј го убива, се наоѓа со Фухур змејот и заедно летнуваат со цел да стигнат кај  Царицата. За тоа време Ништото се изело само кулата кадешто се наоѓала Царицата останала. Аритреј дознава дека наавистина се наоѓа во  книга, додоека не верувал предходно во тоа, Детската царица му објаснува дека целото негово патување е пропишано од еден дух и кој цело време го гледал целото случување , а тоа било Букс.
                Аритреј го дава името од мајката на Букс на царицата и така го спасува светот од целосното негово уништување од Ништото. И бидејки Букс доаѓа до последните страни од Бескрајната Приказна, тој ја употребува неговата фантазија, за да продолжи да  живее светот на Аритреј. На тој начин светот фантазија се спасува и приказната има срекен крај поради фантазијата на фантазијата на Букс.

Sunday, November 26, 2017

Aнализа на Валентин

Анализа на Лик

                Во книгата Шагринска кожа ,од Де Балзак, се зборува за  Рафаел Валентин и неговата животна  сторија. Овој статичен лик живеел во времето на Наполеон Бонапарта, во 1814 година, и за жал бил сотрен од виорот на животот. На едно обложување ги изгубил сите пари во животот, без никакви илузии, без средства за живот, се одлучил за самоубиство, место од каде што враќање нема.
         Талкајќи по брегот од реката Сена, со желба да се удави , пијан, дезориентиран, налетува на една продавница, каде што трговец му нуди нешто невообичаено. Парче Шаргинска кожа, парче кое има чудесна моќ, оној кој ќе ја има кожата, ќе има се... Но не слушнал што ќе се случи за возврат. А тоа било, дека кожата ќе стане негов господар, и со исполнувае на неговите желби, таа постојано ќе се смалува, а со тоа и деновите од неговиот живот.Тој станал богат, среќен, познат.
                Животот на Валентин бил сиромашен и тежок, но поради “кожата” многу се променил,но празнината во неговото срце останала исто така голема како и претходно. Воедно Полина, девојка со  него, сакала да го спаси, ама и таа не успеала. Љубовта која отсуствува од неговиот живот е долгот кој никогаш не ќе може да го исплати на неговата Полина. Иако првично пријател со Полина, покасно прераснува во една спонтана нежност, тој се врзува за една бездушна жена поведен од страста кон неа. Од сето наброено, можеме да забележиме дека Валентин е алчна и себична личност, сака моќ и бескрајен живот. Свесен и неспособен, заслепен од моќтта на кожата, неможе да ги препознае вистинските животни вредности. Материјалното наспроти духовното, вредноста на љубовта, цената на животот, најскапоценото нешто кое го имаме
                Балзак ја напишал оваа книга, дека сака да ги каже неговите чувства за луѓето. Дека, ако му  дадеш огромна моќ, ќе се види каков човек е и било кој човек има голема шанса да постапи исто како мртвиот Валентин. И со сета таа моќ, дури најмилодушните луѓе ќе потпаднат. Накратко ова потекнува од стара поговорка, дај му човек власт и ќе се покаже колку е свесен за овие работи, а несвесен за вредноста на самиот живот.

Sunday, November 5, 2017

Панонски Легенди



                   Панонски легенди

                    Панонски легенди се вид црковна литература, што се создавала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Тие претставуваат едно од најстарите дела на оригиналната словенска книжевност. Во оваа книга од Климент Охридски се зборува за животот на светите браќа Константин (подоцна наречен Кирил) и Методиј. Во едно се зборува за животот на словените во 9 век.
                Овие браќа се родени во Солун, биле просветители и најмногу се познати за создавање на глаголицата и кирилицата. Панонски легенди содржат две житија: „Житието на Св. Кирил“ и „Житието на Св. Методиј“. Житието на Св. Кирил почнува со опис на животот на Св. Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон науката и мудроста и продолжува со опис на неговото школување во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата света Софија и така натаму. Авторот опширно ги објаснува мисите на Св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката. Една од нивните најзначајни мисии е Моравската мисија, кога кнезот Ростислав ги повикува да проповедуваат на на словенски. Во „Житието за Методиј“ опишан е животот и делото на постариот брат Методиј.
                    Исто времено во двете житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик, писменост и култура. Со тоа можеме да заклучиме дека нивната најбитна задача била да ја шират верата (христијанството).

Sunday, October 15, 2017

Сердарот

Глигор Прличев

                Глигор Прличев е роден во Охрид, на 18 Јануари  1830 година, а умрел 6 Февруари 1893година. Тој е еден од најдобрите и најсликовитите писатели во нашата татковина. Познат е по многу дела, за неговата ,,Автобиографија”, за неговата поема ,,Скендербег”,... Но поемата ,,Сердарот”,е безвременска, ја добила името "Вториот Хомер". Во 30-тите години од минатиот век во западниот дел од Македонија имало пљачкашки албански банди кои го нарушувале мирот и соработката на луѓето во тој предел. Тие албански банди станувале се помоќни и помоќни, ни дури охридскиот владетел Џелаџин бег неможел да се спротистави и да ги отстрани тие банди. Затоа еден човек ќе се жртвува за неговиот град и за сите луѓе. Тој човек е Кузман Капидан, кој ќе биде опеан во многу песни и стихотворби.
                Глигор бил ученик на значајниот учител Димитар Миладинов. Исто така во 1860 година победил на конкурсот каде што ја напишал најдобрата поема на грчки јазик по име "Арматолос" (тоа било оригиналното име за "Сердарот"). Во оваа поема се зборова за нашиот храбар македонец, по име Кузман, кој ќе се жртвува за неговиот народ. Народот го сожалува својот херој, херој којшто се бори против насилството и кражбата. Целиот тој народ имал голема почит кон Кузман за неговата борба против албанците.
                Оваа поема започнува со сонот на Неда, мајката на Кузман. Нејзиниот сон, за жал, се остварува така што сонот и бил дека четворица луѓе го држеле телот на погинатиот Кузман. Оваа иста случка, се случува во познатата книга од Хомер, "Илијада" , кога погинатиот воин Хектор умира и шетворица тројанци го покажуваат телот на неговиот татко Пријам. Неда е пред се мајка и тоа го оправдува нејзиниот гнев спрема „малодушните земјоделци“ кои носат скриена вина за смртта на Кузман, сега нема кој да се грижи за честа на нивните снаи и вдовици. Таа не може да биде задоволна од албанскиот збор дека само нејзината куќа ќе биде почитувана, нејзиното срце е отворено за целиот несреќен народ. Во тажната личност на Неда се судруваат две мисли, дали добро го воспитала својот син и дали требало да оди по стапките  на неговиот тактко и неговиот дедо. Неда неможе да биде задоволна  од албанците, зошто таа секогаш е почитувана и нејзиното срце е отворено за народот. Не може да се види што е поболно, дали смртта на Кузман, облечен во херојска облека, или, тагата на Неда, која има огромна болка за Кузман. Истовремено семејното дрво на семејството на Кузман се распаѓа, нивната иднина и гордост пропаѓа во вода, којашто никогаш не се враќа. Понатаму неговата свршеница Марија од семејството на Томе како вдовица, никогаш нема да си го види својот маж.
                 Во претпоследната строфа се зборува за Марија, жена  на Кузман и ќерка на Томе, која е симбол за наивност. Подолго кажано сакал се да му биде негово. Додека пак, Марија е симбол за верност, која вечно носи жал за нејзиниот маж,  која со своите другарки секоја година пеејќи  песни за погинати хероји и јунаци, ја намалува нејзината болка . Но исто така од жал,  нејзиното светло лице огрубело и многу луѓе викале дека имала психички проблеми.
                Успехот на Прличев бил молитвите брз, во најкратко време од читателите на конкурсот го сакале неговото генијалоно творештво. Со оваа поема ни кажува каков бил животот на македонскиот народ во западните делови од минатиот век во 30-тите години. Секојдневен страв, тага, злосторство, борби, кражби и многу други слични работи. Дури се докоажува и животот на албанците и албанските банди, одмазда, глупост и дрскост. И сето тоа завршува со Кузманвиот гроб, тажните и болните зборови на стиховите од поемата на ,,Сердарот”.