Monday, January 1, 2018

Галебот Џонатан Ливингстоун



                Џонатан Ливингстоун

                Времето и просторот немаат граници. Совршенството се постигнува со знаење и моќ, моќта на мислата е бесконечна. Така,  книгата “Галебот”, Џонатин Ливингстоун, ни ја дава оваа силна порака,  доколку се трудиме и учиме можеме да постигнеме огроми достигнувања,но и да оставиме печат за нашето постоење.
                 Џонатан не бил ист како другите галеби.Негова  цел не било како да дојде до храна за да преживее. Летањето го сакал повеќе од храната.Ништо не можело да го одврати од желбата да стане невиден летач. Со напорни вежби успеал да постигне брзина од 396 километри на час. Тоа бил рекорд во јатото и очекувал пофалби, меѓутоа наместо награда, бил протеран од јатото. Но, Џонатан бил уверен дека следува повисока цел во животот. Научил сам да се снаоѓа,да лета во магла,да лови во длабочините, да се издигне над облаците, да се одмара додека лета. И кога се појавиле двата галеби, тврдејќи дека се негови браќа, подучивајќи ги, открил дека може да лета и со 500км на час.Од старешината Ганг дознава дека небото не е одредено,лимитирано, ниту со време ниту со место, и може да биде било каде и било кога.
     Дознал дека и со силата на мислите може да се стигне било каде. Станал  учител на многу други галеби.Сите станале одлични летачи. Зад себе остава одличен учител,знаејќи дека ќе ги подучува младите галеби на нивниот пат кон остварување на слободата и совршеноста,станува проѕирен и заминува засекогаш.

No comments:

Post a Comment