Friday, June 1, 2018

Анализа на лик

Анализа на лик
Бак

                   Во оваа книга се зборува за едно куче нарачено Бак. Бак е главниот лик и многу го опишува животот во тоа време. Воедно Бак е динамичен, а не статичен лик како што се неговите другари, кучиња. Динамичен лик е кога размислува однапред, пред нешто уште пред да се случи, превзема соодветни мерки, брзо реагира, додека статичен лик е кога не размислува што ќе се случи, нема иницијатива, му се кажува што да прави, понекогаш е мрзелив, пасивен.
                    Пример за овој лик е кога гледал како Шпиц забавувал и се смеел кога група волци убиваат една беспомошна кучка. Бак забележал уште од тој момент дека Шпиц не е добра личност и знаел какви ќе бидат последиците, со борба. Но се знаело дека нашиот херој ќе го победи Шпиц, дека е многу посилен, повешт, похрабар и од ништо не се плашел, ниту од смртта. Само другите кучиња имале страв од Шпиц.
                    Местото кадешто бил Бак е Аљаска. Сурово, себично, секој си гледал за себе да му е убаво, наместо да има тим и соработка, како кај Антартикот. Пред сето тоа да се случи, Бак живеел на една фарма, но судбината рекла дека бандити ќе го украдат и ќе го носат во Аљаска со брод. Во овој предел на светот немало милодушни луѓе како Тритон и Мерцедес. Мерцедес е жена и сстра на Чарс и сакала да бидат сите животни среќни, живи и здрави, воедно и Тритон. На друга страна Шпиц бил себичен, ладнокрвно суштесво, сакал да биде лидер на екипата кучиња што влечеле санки, исто така бил и Хал кога кучињата не работеле и гимачел и ги терал да работат.
                    Со постапките на Бак забележуваме дека е многу паметен и поради многу постапки и последици, могу луѓе и кучиња го подржавале во било каква ситуација. Ама во овој предел многу луѓе и кучиња така се однесувале, како непријателот Шпиц, поради многу тешки услови и шанси за смрт, наместо да има тим и соработка. И низ сето тоа, Бак ги издржува овие тешки моменти и се справување со ситеслучки.
                    Бак е комплексна личност, сакал да бидат сите еднакви, да има мир , не борби и од сите тие сеќавања, дури и луѓето би се запрашале за овие незаборавни моменти и дејства како да постапуваат и што вистински да вреднуваат.

За буквите

 За буквите

Во првиот дел се изложени трите фази од развојот на писменоста на Словените. Првата фаза е кога Словените биле многубошци и кога тие немале своја азбука туку се служеле со црти и рески (некој вид пиктографско писмо). Втората фаза е кога Словените почнале да се покрстуваат, да го примаат христијанството, но немале своја азбука, туку се служеле со туѓи писма: грчко и латинско (римско). Третата фаза е создавањето на словенската писменост од страна на Кирил и Методиј. Појавата на Кирил е претставена како божјо чудо. Тој ја создал глаголицата со 38 букви, од кои 24 биле создадени по образец на грчкото писмо, а 14 ги измислил сам, според гласовниот систем на словенскиот јазик.  Во вториот дел Црноризец полемизира со непријателите по класичниот систем: теза, антитеза, синтеза. Тезата е прашање, антитезата — одговор, а синтезата — заклучок. Тој се запира на три прашања: 
 
1. Зошто бројот на буквите во словенската азбука е 38, а не 24 како во грчката?

Одговара историски и аргументирано, па дури и со голема доза на подбив дека Грците не знаат со колку точно букви пишуваат. Бидејќи тиа навистина имаат 24 букви, но при пишувањето употребуваат уште 11 дифтонзи (двогласки) и три знака за броевите 6, 90 и 900, па така и кај нив се збираат 38 знака. 

2. Зошто се потребни словенските книги и словенската азбука?

На ова прашање Црноризец одговара користејќи библиска и културно-историска фактологија. Со изнесувањето на податоците за постоењето на писменоста пред Евреите, Грците и Римјаните — Еѓипќаните, Персијанците, Асирците, тој ја разобличува лагата дека писменост постои само на трите од Бога дадени јазици. И во овој дел има остар јазик, нарекувајќи ги непријателите — безумни. А, тој секако докажал дека е многу умен и образован. 

3. Кој Ви ги создал буквите? — прашање упатено кон непријателите.

Во овој дел Црноризец Храбар отворено ги омаловажува Грците. Им укажува дека тие пред да ја создадат азбуката се користеле со феникиското писмо, дека многу мажи и долго време ја создавале грчката азбука, а потоа по долго време, за многу години 70 мажи го преведувале Светото писмо од еврејски јазик. Многу од грчките писатели не ги ни знаат имињата на создавачите на азбуката, ниту на преведувачите. Спротивно на Грците, кај даровитите Словени тоа го направиле двајца мажи — Кирил ја создал азбуката, а заедно со брат му Методиј ги превеле книгите.
 Со овие укажувања Храбар јасно ја изразил мислата дека Словените се во состојба не само да им се приближат, туку и да ги надминат народите со побогата култура од нив.  Во третиот дел е истакната  љубовта на словенските писатели кон творците на словенската писменост, нагласувајќи дека не постои некој што не го знае нивното име и дека тие се подготвени да го чуваат, заштитуваат и продолжат нивното дело, како што тоа го прави и авторот на овој текст.

Tuesday, March 27, 2018

Силјан Штркот


 Силјан Штркот

Вредноста и моралноста на еден човек се гледа според тоа, како тој се однесува кон родиелите кон главта на семејството, кон своите деца или роднини. Осудата и клетвата на лошите односи на децата кон родителите е прикажана во многу приказни, бајки и многу други дела. Народната поговорка вели родителот ретко колне, но кога колне, таа клетва е сигурно заслужена.
Така и во народната приказна Силијан штркот, од Марко Цепенков, се раскажуваат овие дела. Во ова дело,Силјан е возрасен човек, кој има син и жена и сите заедно живеат во куќата на неговите родители. Тој, за жал бил разгален, не ги слушал родителите, вообичаено бил мрзелив, па дури не се ни грижел за неговата сопруга и син, речиси крајно бил неодговорен. И еден ден нешто неочекувано се случило. Татко му на Силјан, му раскажа приказна за еден настан којшо несакал да му се случи на неговиот син.
Нервозен и бесен, Силјан од Коњари, каде што живееле, заминал за Прилеп . Сметал дека бил роден да го живее животот,како што тој сакал, и дека бил човек за во град, воедно сакал да го види Божијот гроб. Кога дошол во Прилеп во една кафана се сренал со газдата. При еден краток разговор газдата му спомнал дека знае човек,кој што точно знаелкаде се наоѓа гробот. Но му сомнал дека и ќе го чини многу пари. Сакајќи да избега од селото, селскиот живот и селската работа, се нафатил без многу размислување ги прифатил сите услови што биле побарани од него.Заминале до Солун и од тука се качиле на брод и заминале . Преку морето пловеле, ама  во еден бродолом  сите се испоудавиле а, само Силјан бил единствениот преживеан. Кога се освестил на плажата од брегот на морето, сватил за  каква  клетва станува збор и какви последици мора да сноси.
Ама чудо стрина му и стрико му на Силјан,  го сретнале него. Рекле дека за да дојде до дома треба да лета. И му рекле дека има извор,езеро што ќе го претвори него во штрк и ќе може дома да дојде. Исто така имало и езеро со вода којашто може да го претвори Силјан во човек. При неговото присигнување во Коњари се случува несреќа. Од преголема среќа, несаќајки го скршил шишето со вода којашто можела да го врати во човек. Тој можел само да лета преку  пролет и лето   и зима, ама не преку зима. Седејки на кровот над неговата куќа, учествувал на многу настани. Бил на венчавката на неговата сестра, белег имал од неговиот татко, и ги имал скапоцените ѓердани од неговата жена и сестра. Поминало летото и почнала  есента, Силјан како стрела отишол до езерото. Кога се вратил бил променет и сите биле воодушевени каков вистиски човек станал.
Со сето воа можеме да заклучиме дека со трпение, слушање и размислување се се посигнува. Со лошо однесување, мрзеливост и неодговорност лоши последици има накрајот. Така и Силијан се променил, сите го почитувале и ценеле, а пред тоа едвај го сакале. Овоа на Силијан никогаш нема да му се случи повторно, во сеќавање ќе го има, ќе дели и тој добри совети за работливост и почитување, и секако  каква цел  и вредност има животот.

Tuesday, February 13, 2018

Прва љубов

Прва љубов

1.      Фабула

Прва љубов, како и многу други дела на писателот Иван Тургенев е автобиоргавско дело, приказна за љубовта помеѓу 21-годишна девојка и 16-годишно момче. Приказната започнува со главниот лик, Владимир Петрович, на една забава. Тројцата гости, од кои сите се мажи, по редослед раскажуваат приказни за својата прва љубов. Кога редот му доаѓа на Владимир, тој предложува да ја напише приказната во тетратка, бидејќи била долга, а и тој не бил добар наратор. Другите мажи се согласуваат, и неколку недели подоцна Владимир ја чита приказната сеќавајќи се на спомените на својата прва љубов.

2.       Сценарио
Владимир Петрович на полноќ излегува кај фонтаната со Зиночка, во Русија. Владимир во миг заклучува дека Зиночка го сака неговиот татко Петре Василевич. Во неговата глава му прелетна една мисла за тоа дека е виновна љубомората на 10 години од постарата мајка на неговиот татко. За момент почуствувал омраза, но и чуства на задоволство што татко му на некој начин ја натеува Зничка да плаче, бидејќи Зинчка нема да се венча за него.

Monday, January 1, 2018

Галебот Џонатан Ливингстоун



                Џонатан Ливингстоун

                Времето и просторот немаат граници. Совршенството се постигнува со знаење и моќ, моќта на мислата е бесконечна. Така,  книгата “Галебот”, Џонатин Ливингстоун, ни ја дава оваа силна порака,  доколку се трудиме и учиме можеме да постигнеме огроми достигнувања,но и да оставиме печат за нашето постоење.
                 Џонатан не бил ист како другите галеби.Негова  цел не било како да дојде до храна за да преживее. Летањето го сакал повеќе од храната.Ништо не можело да го одврати од желбата да стане невиден летач. Со напорни вежби успеал да постигне брзина од 396 километри на час. Тоа бил рекорд во јатото и очекувал пофалби, меѓутоа наместо награда, бил протеран од јатото. Но, Џонатан бил уверен дека следува повисока цел во животот. Научил сам да се снаоѓа,да лета во магла,да лови во длабочините, да се издигне над облаците, да се одмара додека лета. И кога се појавиле двата галеби, тврдејќи дека се негови браќа, подучивајќи ги, открил дека може да лета и со 500км на час.Од старешината Ганг дознава дека небото не е одредено,лимитирано, ниту со време ниту со место, и може да биде било каде и било кога.
     Дознал дека и со силата на мислите може да се стигне било каде. Станал  учител на многу други галеби.Сите станале одлични летачи. Зад себе остава одличен учител,знаејќи дека ќе ги подучува младите галеби на нивниот пат кон остварување на слободата и совршеноста,станува проѕирен и заминува засекогаш.