Анализа на Лик
Во книгата Шагринска
кожа ,од Де Балзак, се зборува за Рафаел
Валентин и неговата животна сторија.
Овој статичен лик живеел во времето на Наполеон Бонапарта, во 1814 година, и за
жал бил сотрен од виорот на животот. На едно обложување ги изгубил сите пари во
животот, без никакви илузии, без средства за живот, се одлучил за самоубиство, место
од каде што враќање нема.
Талкајќи по брегот од реката
Сена, со желба да се удави , пијан, дезориентиран, налетува на една продавница,
каде што трговец му нуди нешто невообичаено. Парче Шаргинска кожа, парче кое
има чудесна моќ, оној кој ќе ја има кожата, ќе има се... Но не слушнал што ќе
се случи за возврат. А тоа било, дека кожата ќе стане негов господар, и со
исполнувае на неговите желби, таа постојано ќе се смалува, а со тоа и деновите
од неговиот живот.Тој станал богат, среќен, познат.
Животот на Валентин
бил сиромашен и тежок, но поради “кожата” многу се променил,но празнината во
неговото срце останала исто така голема како и претходно. Воедно Полина,
девојка со него, сакала да го спаси, ама
и таа не успеала. Љубовта која отсуствува од неговиот живот е долгот кој
никогаш не ќе може да го исплати на неговата Полина. Иако првично пријател со
Полина, покасно прераснува во една спонтана нежност, тој се врзува за една
бездушна жена поведен од страста кон неа. Од сето наброено, можеме да
забележиме дека Валентин е алчна и себична личност, сака моќ и бескрајен живот.
Свесен и неспособен, заслепен од моќтта на кожата, неможе да ги препознае
вистинските животни вредности. Материјалното наспроти духовното, вредноста на
љубовта, цената на животот, најскапоценото нешто кое го имаме
Балзак ја напишал оваа
книга, дека сака да ги каже неговите чувства за луѓето. Дека, ако му дадеш огромна моќ, ќе се види каков човек е и
било кој човек има голема шанса да постапи исто како мртвиот Валентин. И со
сета таа моќ, дури најмилодушните луѓе ќе потпаднат. Накратко ова потекнува од
стара поговорка, дај му човек власт и ќе се покаже колку е свесен за овие
работи, а несвесен за вредноста на самиот живот.