Tuesday, March 27, 2018

Силјан Штркот


 Силјан Штркот

Вредноста и моралноста на еден човек се гледа според тоа, како тој се однесува кон родиелите кон главта на семејството, кон своите деца или роднини. Осудата и клетвата на лошите односи на децата кон родителите е прикажана во многу приказни, бајки и многу други дела. Народната поговорка вели родителот ретко колне, но кога колне, таа клетва е сигурно заслужена.
Така и во народната приказна Силијан штркот, од Марко Цепенков, се раскажуваат овие дела. Во ова дело,Силјан е возрасен човек, кој има син и жена и сите заедно живеат во куќата на неговите родители. Тој, за жал бил разгален, не ги слушал родителите, вообичаено бил мрзелив, па дури не се ни грижел за неговата сопруга и син, речиси крајно бил неодговорен. И еден ден нешто неочекувано се случило. Татко му на Силјан, му раскажа приказна за еден настан којшо несакал да му се случи на неговиот син.
Нервозен и бесен, Силјан од Коњари, каде што живееле, заминал за Прилеп . Сметал дека бил роден да го живее животот,како што тој сакал, и дека бил човек за во град, воедно сакал да го види Божијот гроб. Кога дошол во Прилеп во една кафана се сренал со газдата. При еден краток разговор газдата му спомнал дека знае човек,кој што точно знаелкаде се наоѓа гробот. Но му сомнал дека и ќе го чини многу пари. Сакајќи да избега од селото, селскиот живот и селската работа, се нафатил без многу размислување ги прифатил сите услови што биле побарани од него.Заминале до Солун и од тука се качиле на брод и заминале . Преку морето пловеле, ама  во еден бродолом  сите се испоудавиле а, само Силјан бил единствениот преживеан. Кога се освестил на плажата од брегот на морето, сватил за  каква  клетва станува збор и какви последици мора да сноси.
Ама чудо стрина му и стрико му на Силјан,  го сретнале него. Рекле дека за да дојде до дома треба да лета. И му рекле дека има извор,езеро што ќе го претвори него во штрк и ќе може дома да дојде. Исто така имало и езеро со вода којашто може да го претвори Силјан во човек. При неговото присигнување во Коњари се случува несреќа. Од преголема среќа, несаќајки го скршил шишето со вода којашто можела да го врати во човек. Тој можел само да лета преку  пролет и лето   и зима, ама не преку зима. Седејки на кровот над неговата куќа, учествувал на многу настани. Бил на венчавката на неговата сестра, белег имал од неговиот татко, и ги имал скапоцените ѓердани од неговата жена и сестра. Поминало летото и почнала  есента, Силјан како стрела отишол до езерото. Кога се вратил бил променет и сите биле воодушевени каков вистиски човек станал.
Со сето воа можеме да заклучиме дека со трпение, слушање и размислување се се посигнува. Со лошо однесување, мрзеливост и неодговорност лоши последици има накрајот. Така и Силијан се променил, сите го почитувале и ценеле, а пред тоа едвај го сакале. Овоа на Силијан никогаш нема да му се случи повторно, во сеќавање ќе го има, ќе дели и тој добри совети за работливост и почитување, и секако  каква цел  и вредност има животот.