Thursday, December 21, 2017

Бескрајна Приказна

Текст за Бескрајна Приказна


             Се започнува, во ноември 1979 година, кога едно дете наречено Бастинијан Б. Букс почнува чита една волшебна книга. Бастинијан е здебелено дете кое многу сака да чита книги, без разлика какви по тема. Тој е дете на 10-11 годишна возраст, и за жал е исмејуван од деца во неговото училишетето. Бастинијан секој ден е исмејуван  од децата од училиштето и упорно е исмејуван од нив. Бегајки од децата Букс влегува во библиотека, каде го приметува продавачот кој држел дебела книга, заинтерисиран од изгледот на книгата Букс го прашува библиотекарот која е таа книга. Библиотекарот лалдно одговорил дека е посебна книга и дека не е за мали деца, и дека не сакал деца.
                Во истиот тој момент ѕвони телефонот на продавачот, тој оди, а Букс ја краде книгата од љубопитност. Во тој момент Букс несакал да оди на час, иако било работен ден и тој морал да присуствува на настава. Тој бега на таванот во училиштето и внесен во книгата ја отвара и почнува да чита. Во книгата се зборува за едно волшебно место наречено Фантазија која е во голема опасност. Едно големо и црно Ништо ја проголтнува целата Фантазија. Царицата е исто така болна и бара ново име за да оздрави.
                Во овој свет има и херој, Аритреј, кој е должен да ја спаси. Поминува низ секакви пречки само да го спаси својот свет. По долго патување, доаѓа до портата на Свингите. Низ таа порта можело да помине било кој човек додека нема страв од нив. Храбриот Аритреј успева да помине низ портата и гледа едно огледало а тоа огледало ја давало вистината што се случува во Фантазија. Аритреј гледа дека Букс чита една книга и дека тој живее во книгата . Аритреј оди заедно со змејот на среќата Фухур  кај Детската царицата каде требало да ја спаси на тој начин што ке и даде ново , но Ништото веќе се зголемило толку многу што најкраткиот пат до Деската царицата го снемало.
                Аритреј паѓа од змејот поради бурата која ја предизвикало ништото и го наоѓа Гморг, едно куче кое сакало да го убие Аритреј од почетокот на неговото патување. За да се осигура го прашува зошто се губи Фантазијата. Гморг му одговара дека човечката фантазија се губи, воедно и овој свет. Аритреј го убива, се наоѓа со Фухур змејот и заедно летнуваат со цел да стигнат кај  Царицата. За тоа време Ништото се изело само кулата кадешто се наоѓала Царицата останала. Аритреј дознава дека наавистина се наоѓа во  книга, додоека не верувал предходно во тоа, Детската царица му објаснува дека целото негово патување е пропишано од еден дух и кој цело време го гледал целото случување , а тоа било Букс.
                Аритреј го дава името од мајката на Букс на царицата и така го спасува светот од целосното негово уништување од Ништото. И бидејки Букс доаѓа до последните страни од Бескрајната Приказна, тој ја употребува неговата фантазија, за да продолжи да  живее светот на Аритреј. На тој начин светот фантазија се спасува и приказната има срекен крај поради фантазијата на фантазијата на Букс.